Тачи: Следниот круг од преговорите меѓу Белград и Приштина ќе биде клучен за целиот регион

Од:

Косовскиот премиер Хашим Тачи денеска изјави дека осмиот круг од преговорите за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина на 2 април во Брисел ќе биде клучен за двете страни и за регионот.

– Ќе заминам во Брисел за да ставам точка на дијалогот и да отворан нова етапа на соработка и мир во регионот, истакна Тачи пред косовскиот Парламент, информирајќи за напредокот во преговите со Србија.

Тој оцени дека главна причина за неуспех на претходната рунда од разговорите на 20 март биле „фундаменталните разлики во врска со овластувањата на сроспките општини на Косово“.

Тачи нагласи дека Србија се обидува да создаде на Косово трето ниво на власта, овозможувајќи им на српските општини извршни овластувања.

– Ние никогаш и под никакви услови нема да го дозволиме тоа, бидејќи вакви чекори претставуваат закана за уставниот поредок, додаде косовскиот премиер.

Тачи потенцира дека за разлика од Србија, Косово „не е подложно на меѓународен притисок и не мора да се согласува со непристојни предлози“.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски