Тачи: Се уште постои шанса за договор со Србија

Од:

Постигнување договор за нормализација на односите меѓу Србија и Косово е се уште можен, изјави денеска косовскиот премиер Хашим Тачи.

Во разговор за Слободна Европа, Тачи рече дека се уште постои можност за постигнување спогодба за нормализација на односите меѓу Србија и Косово и дека Србија сакала драматизација, што и направила во Белград, но и во текот на заедничкиот состанок со Кетрин Ештон.

-Таа драма ја создаде и кај својата јавност. Мислам дека е сега време да тргнеме напред, рече Тачи.

Тој додаде и дека Србија не може како заложник да ја држи европската иднина на Косово, регионот и инвестициите на ЕУ во регионот, и дека тоа нема да се дозволи.

-Тоа нема да се дозволи. Доколку Србија ја одбие спогодбата, Косово ќе продолжи да гледа на европската перспектива, а Белград ќе остане назад заради своја вина, заради неодговорноста и заради менталитетот од минатото, што предизвика војни во Хрватска, Бих и Косово, како и тешка криза во Србија, заклучи Тачи.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски