Тачи: Отстранувањето на споменикот – притисок за размена на територии

Од:

Косовскиот премиер Хашим Тачи изјави дека Србија, со акцијата за отстранување на споменикот на поранешните припадници на Ослободителната војска на Прешево, Медвеѓа и Бујановац (ОВПМБ) во Прешево, ја покажала својата желба за размена на територии.

– Со оваа акција Србија ја демонстрираше својата желба за размена на територии, Ивица Дачиќ таа идеја дури и ја спомна во Брисел. Но, ние имаме свои планови и своја стратегија со која ќе победиме, изјави Тачи во интервју за приштинскиот весник „Експрес“.

Тој оцени дека размената на територии меѓу Србија и Косово е едно од најнеприфатливите сценарија за Србија по одлучната акција на косовската Влада од 25 јули 2011 година за обезбедување на целовитоста на косовската територија.

Тачи истакна дека и предлогот на Дачиќ за размена на територии тој и Владата категорички го одбиле бидејќи тоа „апсолутно оди на штета на националните интереси на Косово, таквата опција е во целосна спротивност со националните интереси на Албанците каде и да живеат“.

Косовскиот премиер истакна дека е разочаран што политичките лидери и граѓани на Прешевската Долина не направиле ниту најмал обид да го одбранат споменикот на ОВПМБ и покрај тоа „што ги упатив што да направат“.

Тој изрази разочарување и поради насилството над српските гробишта и споменици во Косово.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Фрлени две рачни бомби на пошта во Косово

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски