Тачи: Никој не може да го блокира формирањето на војска на Косово

Од:

Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска изјави дека покренал неколку иницијативи со цел да се создаде консензус меѓу сите заедници за трансформирање на Безбедносните сили на Косово во Војска на Косово.

Тој, на отвпрена дебата со цивилното општество на тема „Ставот на српската заедница во врска со измената на мандатот на безбедносните сили на Косово“, наведе дека сите знаат оти КФОР не може засекогаш да остане во Косово.

– Уште повеќе, во интерес на КФОР и НАТО е колку што е можно побрзо, Косово да застане на свои нозе, а особено во однос на безбедноста. На крајот, Војската на Косово ќе биде формирана во целосна соработка со КФОР, НАТО и САД, нагласи Тачи.

Косовскиот претседател наведе дека никој не може да го блокира тој процес и никој не може да стави вето врз него, бидејќи трансформацијата на Безбедносните сили на Косово во Војска на Косово е уставен процес.

– Го истакнувам овој факт, со цел да ги отстранам сите несогласувања кои можат да постојат во некои држави членки на НАТО, заклучи Тачи.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски