Тачи: Нема да има победник

Од:

Премиерот на Косово, Хашим Тачи изјави дека се надева во наредните денови да се постигне договор со Белград и нагласи дека одлуката за тоа нема да биде лесна ниту за една страна.

-Одлуката која што ќе биде предложена наредните недела дена нема да биде лесна за никој лидер, ниту пак институција. Но јас се надевам дека ќе тргнеме кон одлуката која што отвора можност за нашите граѓани, без оглед на етничката припадност, која ќе го промени животот на многу луѓе – изјави Тачи.

Тој повтори дека положбата на Косово е во согласност со принципите и ставовите на Европската унија.

Оцени дека последниот состанок во Брисел бил маратонски и не бил лесен, како и дека во случај на неуспех ќе пропаднат шестмесечните напори за постигнување на договор во кој нема да има победник, а последиците ќе ги трпат сите.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски