Тачи: Не е можно разговорите со Белград да се водат без посредник

Од:

Косовскиот премиер Хашим Тачи ја отфрли денеска како несериозна можноста за продолжение на разговорите меѓу Белград и Приштина без посредник и нагласи дека се што Србија има да соопшти тоа треба да го стори со посредство на високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон.

– Адресата на посредникот беше Брисел, беше бароницата Ештон и Косово ќе го поддржи тој процес под нејзино раководство. Другите идеи немаат никаква валидност, не се сериозен пристап и се само дипломатски, политички маневар на Србија, рече Тачи.

Тој нагласи дека се што Белград има да и соопшти на Приштина, треба да го стори преку Брисел и Ештон.

– Ние ги поддржуваме сите релевантни фактори во Брисел и гаранциите на САД, нагласи Тачи и додаде дека откако Белград ја отфрлил предлог-спогодбата, сега се е во рацете на Ештон.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски