Тачи: Нашата понуда кон Србите е добродушна

Од:

[staff name=”Eлена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]
Хачим Тачи изјави дека очекува наредниот состанок помеѓу него и премиерот на Србија, Ивица Даичиќ да биде ново подглавје во процесот за нормализирање на односите помеѓу Косово и Србија.

-Очекувам интезивирање на тој процес, кој ќе донесе резултати, а за да дефинитивно дојде до нормализирање на состојбата на север на Митровица, до гаснењето и одалечување на безбедносните структури на Србија, од тој дел. Таа одговорност е директно на приемиерот на Србија – изјави Тачи.

Тој најави дека косовската страна ќе даде своја понуда на србите на север, за да тие бидат интегрирани во новиот живот, во идниот Парламент на Косово и централните и локални институции.

-Работиме за создавање на подобри услови за трансформација или интеграција на образовните и здравствените институции, во складот со Уставот и законите на Косово- изјави тој за „Слободна Европа“.

Додаде дека србите, како граѓани на Косово, ќе ги имаат истите права на целата територија.

-Нема да постојат етнички групи, двоструки стандарди за општеството, а тоа важи и за србите. Нашата понуда е добродушна, во складот со Уставот и законите на Косово, по сите европски стандарди – изјави Тачи.

Косовскиот премиер рече дека треба да се почне така што преку развој на фондот за инвестирање во инфраструктурата ќе се промени животот на граѓаните во тој дел.

-Потребен ни е правосудски систем во склад со европските стандарди и Устав и закони на Косово, како и ингеренција на граѓаните во сите косовски институционални механизми, во образованието, здравството, полицијата, безбедносната сила, за да можеме да изградиме демократски, мултиетнички и функционални институции на секој чекор на територијата на Република Косово – изјави Тачи.

Тој додаде дека институциите во Косово ќе ги почитуваат сите права кои пороизлегуваат од правните акти во Косово и од меѓународните договори, како и легитимниот интерес на Србија за нивните граѓани на Косово.

-Сакам да верувам дека дијалогот во Брисел ќе заврши со нормализација на меѓудржавните односи на Косово и Србија, отворајќи нов процес на добрососедство кое до сега недостасуваше – изјави Тачи.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина