Тачи најави консултации со партиите за формирање нова влада на Косово

Од:

Претседателот на Косово Хашим Тачи најави дека ќе ги започне консултациите со лидерите на сите парламентарни политички партии за формирање нова влада, откако синоќа Собранието на Косово му изгласа недоверба на кабинетот на Албин Курти, јави дописникот на МИА од Приштина.

При денешната посета на Медицинскиот баталјон во рамките на Безбедносните сили на Косово, Тачи изјави дека, во консултација со партиските лидери, ќе ги разгледа можностите за формирање „нова влада на стабилност, единство и сеопфатност“.

– По падот на Владата, како претседател на државата, без одолговлекување ќе ги започнам консултации со лидерите на сите парламентарни партии, за да ја разгледам можноста за формирање нова влада на стабилност, единство и сеопфатност. Во секој мој чекор, како претседател на државата, ќе ги почитувам во целост Уставот и законите на државата, изјави Тачи.

Во Собранието на Косово синоќа, со мнозинство гласови, беше изгласана недоверба на Владата на Курти. Иницијативата за уривање на Владата ја поднесе досега владејачкиот Демократски сојуз на Косово (ЛДК), а го поддржаа и другите парламентарни партии, како опозициските, така и оние на српското и другите немнозински заедници, кои беа дел од кабинетот на Курти. Против беа пратениците на Движењето Самоопределување (ВВ) на Курти, како и тројца од пратениците на ЛДК, меѓу кои и собраниската спикерка Вјоса Османи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Косовските цариници заплениле стока од Македонија вредна 30.000 евра

И Али Ахмети е во Косово

Катерина Ѓуровски

Курти остро кон Србија: Тоа е паравоена држава, во историјата имаа две и пол години демократија

Обвинителство во Приштина: 10 уапсени во врска со нападот кај Зубин Поток

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија