Тачи: Крајот на набљудуваната независност на Косово според планот

Од:

Косовскиот премиер Хашим Тачи изјави дека подготовките за ставање крај на процесот на набљудувана независност на Косово се одвиваат според утврдениот план.

Зборувајќи на седница на Владата во Приштина, Тачи нагласи дека активностите на косовските власти се реализираат во координација со меѓународните институции.

– За Косово се отвора едно ново поглавје со јасна европска перспектива, оцени Тачи.

Уставниот суд на Косово минатиот месец донесе одлука за ставање крај на процесот на мониторинг на функционирањето на новата држава, по черири години независност.

Одлуката, како што пренесуваат косовските медиуми, е поздравена и од меѓународниот фактор, чии претставници во Приштина изјавија дека Косово сега е способно само да ја чува државноста.

Сепак завршувањето на набљудуваната незвиснсост не предвидува заминување на мисијата Еулекс. Таа ќе го носи името „Еулекс-Косово“ и останува уште две години, односно до 2014.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски