Тачи и порача на Јахјага: Договорено е да се распушти српската полиција

Од:

Премиерот на Косово, Хашим Тачи изјави дека на состанокот со премиерот на Србија, Ивица Дачиќ начално е постигната согласност да се расформираат полициските и известувачките институции на Србија, на северот на Косово, соопшти Кабиентот на претседателката на Косово.

На тој начин Тачи ја информирал претседателката Атифете Јахјага, за состанокот со Дачиќ во Брисел.
Како што стои во соопштението, Тачи додал да се формира асоцијација со српско мнозинство на северно Косово и таму во четири општини да се одржат избори за органите на локалната самоуправа.
Според неговите зборови истовремено со отворањето на судови во Лепосавиќ и Звечан се воспоставува и правосудски систем.

-Премиерот Тачи изјави дека овие решенија се во оквир на полното почитување на Уставот и косовските закони и дека имаат силна меѓународна поддршка и се функционални и прифатливи за сите граѓани – стои во соопштението на кабинетот на Јахјага.

Соопштено е дека Јахјага дала полна поддршка за дијалогот во Брисел и дека тоа е единствен успешен пат за нормализација на односите, како што изјави на „две соседни, независни и суверени држави“.

Но претседателот на владата на Србија, Ивица Дачиќ вчера истакна дека нема да дозволи институциите на Србите на Косово да бидат институции на независно Косово. Белград негира дека има безбедносни структури на северниот дел на Косово.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски