Тачи и Пацоли ја продолжуваат владината коалиција

Од:

Косовскиот премиер и лидер на Демократската партија, Хашим Тачи и вицепремиерот и лидер на Алијансата за ново Косово, Беџет Пацоли се договориле за продолжување на владината коалиција, јави дописникот на МИА.

Како што пренесува онлај изданието на приштинскиот весник „Коха диторе“ договорот бил постигнат синоќа на заедничката вечера на двајцата коалициски партнери.

Недоразбирањата, внатре во коалицијата избија по преминувањето на министерот за одбрана Агим Чеку од неговата Социјалдемократска партија во редовите на Демократската партија на Тачи, по што Пацоли побара Чеку да ја напушти функцијата, поради тоа што таа била дел од поделбата на владините функции во рамките на изборната коалиција „За ново Косово“ предводена од партијата на Пацоли а чиј дел била и партијата на Чеку.

Потпретседателот на косовската влада Хајредин Кучи кој присуствувал на средбата изјавил дека страните се договориле да ја продолжат соработката.

– Се сретнавме на работна вечера, во многу релаксирана атмосфера, каде дискутиравме околу односите во коалицијата. Се согласивме да продолжат ангажирањата во правец на реализиација на предизвиците и заедничката агенда, посебно онаа економската, изјавил Кучи.

На работната вечера освен Тачи и Кучи, од редовите на демократите присуствувал и Кадри Весели, додека Пацоли би придружуван од сопартијците Мимоза Кусари-Лила и Ибрахим Маколи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Фрлени две рачни бомби на пошта во Косово

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски