Тачи: Ештон до 9 април ќе биде информирана за одлуките на Приштина и Белград

Од:

Косовската претседателка Атифете Јахјага денеска ги поддржа ставовите на Приштина изнесени во дијалогот со Белград во Брисел, а премиерот Хашим Тачи истакна дека посредничката во разговорите, високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност до 9 април ќе биде информирана за одлуките, кои двете страни ги донеле за неусогласените ставови.

– Страните не успеале да ги усогласат сите ставови и побарано е дополнително време со цел одговорно да ги донесат одлуките. Ештон до 9 април ќе биде информирана за одлуките. Следните денови европската и американската дипломатија ќе ги продолжат напорите за да ги уверат двете страни да постигнат спогодба и да се гарантира нејзиното спроведување, изјави Тачи, информирајќи ја Јахјага за разговорите во Брисел.

Тачи исто така изјави дека состанокот минал во конструктивна атмосфера.

Јахјага за време на состанокот со косовскиот премиер и координаторот на политичкиот дијалог Бљерим Шаља истакна дека дијалогот меѓу двете земји влијае на воспоставувањето на нормални односи, кои треба да им помогнат на патот на европските интеграции, се наведува во соопштението од кабинетот на претседателката.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски