Тачи бара обновување на дијалогот со Белград

Од:

Косовскиот премиер Хашим Тачи побара денеска од опозицијата, која е непријателски расположена кон Србија, да престане да шири хаос.

Ваквата изјава на Тачи е дадена еден ден по протестите против обновувањето на дијелогот меѓу Косово и Србија, во кои беа повредени 23 лица, меѓу кои 18 полицајци, а 63 демонстранти се уапсени.

– Јавно го повикувам лидерот на „Самоопределување“ да не спроведува на улица дебата, која ја загуби во Парламентот, истакна косовскиот премиер, мислејќи на Албин Курти, лидер на движењето „Самоопределување“, трета парламентарна сила на Косово, која беше организатор на вчерашните протести.

Курти е против секаков дијалог меѓу Белград и Приштина. Косовскиот парламент неодамна и даде дозвола на Владата на Тачи да преговара со Белград за нормализирање на односите меѓу двете страни.

Тачи побара од Курти „да се врати во парламентот и да не им се заканува на институциите со анархистички дејства“.

„Самоопределување“ соопшти дека и денеска ќе бидат одржани протести.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски