Признавањето на Косово не е услов во постапката на пристапување на Европската унија, но Србија мора да ги прифати фактите и да го признае пред да стане членка на Унијата.
Ова го вели шефот на пратеничкиот клуб на социјалистите во Европскиот парламент Ханес Свобода во интервју за новосадскиот дневен весник Дневник објавено во неделата.
„Признавањето на Косово на крајот мора да се случи, меѓутоа тоа не е никаков услов за во постапката за пристапување на Европската унија. Меѓутоа, пред Србија да стане членка на ЕУ, секако ќе мора да го признае Косово”, вели Свобода, сугерирајќи дека сека во прв ред важно е да продолжи дијалогот меѓу Белград и Приштина.
„За самата Србија и било добро да ги прифати фактите”, истакнува шефот на пратеничката група на европските социјалисти .
Оценува дека Србија веќе во 2013 година би можела да добие датум за отпочнување на преговорите со ЕУ, со услов да ги стиши радикалните струи коишто би можеле да претставуваат пречка за тој процес.
Свобода дава забелешки за српската влада дека засега не ги влече потезите што можат да охрабрат и оценува дека „неодамнешната одлука за забрана за одржување на Парадата на гордоста„докажува дека таа не е приврзана на европските вредности”.
„Сепак, и натаму важи принципот дека Србија има право да преговара. Меѓутоа, континуираното флертување со Русија, како сигнал де ЕУ не е за Србија единствениот партнер, не е многу од полза,. Имам свои сомневања но на крајот, за мене сепак најважни се делата, повеќе отколку изјавите”, му порачува Свобода на српското раководство.