Генералниот секретар на Советот за регионална соработка Горан Свилановиќ истакна дека регионалната соработка е клучен елемент за поттикнување на мир, добрососедски односи, стабилност и просперитет во југоисточна Европа, пренесува Фена.
– Тоа исто така е предуслов за членство во Европска унија, рече Свилановиќ на своето предавање на дводневната регионална конференција за приклучување во Европска унија, чиј домаќин е Германската организација за меѓународна соработка „ГИЗ“.
Генералниот секретар на Советот зборуваше за актуелната стратегија за проширување на ЕУ и годишниот извештај за напредок, како и за капацитетот на земјите кои бараат членство да ги задоволат политичките и економските критериуми и нивните способности да ги преземат обврските од членството во ЕУ.
Свилановиќ изјави дека треба да се зацврсти напредокот за реализација на агендата за реформите и да се нагласи спроведувањето и остварувањето и додаде дека регионалната соработка ќе даде важен придонес, и тоа најголем во програмата за поврзување, како и за патот за добрососедски односи.
Свилановиќ ја поздрави поддршката на Европската комисија за процесот на соработка во Југоисточна Европа и Советот за регионална соработка, како и Берлинскиот процес, по пат на кој го повика Советот да придонесе и да ги координира активностите во две области кои се од најголема важност за регионот, а тоа се мобилноста и растот.
Го претстави главното подрачје на дејствување на Советот, односно вештините и мобилноста, конкуренцијата, поврзаноста и доброто управување.
Генералниот секретар на Советот зборуваше и за работењето на оваа организација во областа на безбедносната политика, но посебно за регионалната платформа за соработка на југоисточна Европа во борбата против радикализмот и насилниот екстремизам кои го водат тероризмот и регрутирањето на странските терористи (Регионалната ЦВЕ-ФТФ платформа на југоисточна Европа).
На конференцијата со наслов „Регионална соработка во југоисточна Европа – со заедничка работа кон придружување во ЕУ“ се собраа 200 стручни лица од регионалните и меѓународните организации, како и претставниците на академската заедница, цивилното општество, експертските организации од регионот, Европска унија, влади од југоисточна Европа и претставниците од Европската комисија на Германија и Австрија.
Целта на конференцијата е да се создадат можности за унапредување на дијалогот и поврзување на партнерите и соседите од југоисточна Европа и Европската унија, пренесуваат медиумите.