Сурои: Косово не е подготвено за преговори

Од:

Поранешниот член на косовската преговарачка група во Рамбуе, Ветон Сурои, смета дека Косово во новите преговори со Србија влегува неподготвено, а за оправдана неодманешната средба на косовскиот и српскиот премиер, Хашим Тачи и Ивица Дачиќ, во Брисел.

Сурои кој моментно раководи со Бордот на Клубот за надворешна политика, невладина организација која организира дебати и дава оценки за косовската и регионалната политика, нагласува дека косовската влада влегува во овие разговори без потребната идеа и концепт, криејќи се од јавноста.

– За мене не е проблем дали се среќаваат, туку во рамките на каков концепт и каков преговарачки процес се среќаваат, со кое начело се води тој преговарачки процес и како ќе се дефинира косовскиот интерес во рамките на тој процес. Ни едно од овие прашања, до сега не се дефинирани и Косово влезе, или влегува неподготвено во процесот, -изјавил Сурои за косовската телевизија.

Премиерот Тачи, според него, ја скрил од јавноста средбата со српскиот премиер.

– Тој требаше да го информира Парлементот дека ќе се сретне со српскиот премиер, но, тој тоа го стори скришно, – смета Сурои.

Во овој преговарачки процес, како што изјавил, не се даваат гаранции дека нема да се зборува за внтарешни прашања и оти такво нешто се случило и во т.н. техники разговори, споменувајги при тоа договорите за катастар и фуснотата.

Тој меѓу другото го обвинува премиерот Хашим Тачи за деградирање на политичкиот живот, додека воведувањето контрола на сите сегменти, тој го смета за еден вид режим, зашто „не произлегува од слободно дадените гласови на народот, туку од украдени гласови“.

Би можело да ве интересира

Таравари, Фетаи и Ќоку, првата посета надвор од земјава ја остварија во Косово

Маж во Косово почина по семејно насилство: Синот е осомничен дека го претепал

Ховениер: Косово да ги исполни сите свои обврски

Инцидент во Косовска Митровица, двајца прободени со нож по финален натпревар

Пеќ: Ранети се три лица, по напаѓачот е распишана потерница

Горан Наумовски

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане