Судот во Загреб ќе ја соопшти пресудата против Санадер

Од:

Судот во Загреб денеска ќе ја соопшти пресудата во случајот против поранешниот хрватски премиер Иво Санадер според обвиненијата за корупција.

Иво Санадер е обвинет за земање 10 милиони евра поткуп од директорот на унгарската нафтена компанија МОЛ во замена за здобивање со контролниот пакет акции во хрватската компанија ИНА.

Во истиот процес на Санадер му се суди и за земање на околу 480.000 евра провизија од кредитот што Хрватска го добила од австриската банка Хипо во средината на 90-те години, кога Санадер бил заменик-министер за надворешни работи. Случајот е разгледуван како воено профитерство бидејќи Санадер ги искористил воените услови и високата инфлација заради што земјата имала ограничен достап до меѓународните финансиски пазари.

Во својот завршен говор во процесот обвинителството Санадер го нарече предавник на националните интереси и побара максимална казна од 15 години затвор.

Одбраната, пак, инсистира на ослободителна пресуда со тврдењето дека вината на судениот не беше докажана.

Самиот Санадер изјави дека е невин.

– Јас не сум криминалец, туку човек избран легитимно од хрватскиот народ и со совест ја раководев владата, Ако не беше така, немаше да бидам избран во вториот мандат, рече Санадер во својот завршен говор од процесот.

Би можело да ве интересира

Драма во Хрватска: Маж запали две куќи и повреди полицаец

Горан Наумовски

Драма во Загреб: Вооружен маж влезе во болница, за брзо време пристигна полицијата

(ВИДЕО) Пентагон потврди: Хрватска од Америка го купува најмоќното оружје во својата историја

Тројца мртви мажи пронајдени во викендичка во Хрватска

ВИДЕО: Надреални сцени од пожарот кај Сплит, мештаните немо посматраа што им се случува

ВИДЕО: Канадери и 250 пожарникари и утрово го гаснат страотниот пожар кај Сплит, куќите се одбранети

Катерина Ѓуровски