Судири меѓу демонстранти и полиција во Истанбул, уапсени 136 лица

Од:

Повеќе судири се случија денеска меѓу полицијата и демонстранти во Истанбул, при што се уапсени 136 лица, изјави началникот на истанбулската полиција.

Турската полиција употреби солзавец, гумени куршуми и водени топови против демонстрантите, кои се обиделе да стигнат од плоштадот Бешикташ до плоштадот Таксим, каде сакале да протестираат по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот. Демонстрантите возвратиле, фрлајќи камења и петарди кон безбедносните сили.

Стотици демонстранти, меѓу кои членови на главната опозициска Републиканска народна партија, се собраа претпладнево на плоштадот Бешикташ.

Полицијата употреби сила за да растера и 30 членови на Комунистичката партија, кои се обидуваа да ги пробијат барикадите на плоштадот Таксим. Претходно силите на редот уапсија две жени што се обиделе да постават постери во реонот на Таксим.

Турските власти и оваа година забранија синдикатите да организираат одбележување на 1 Мај на плоштадот Таксим.

Сепак опозициските партии и некои синдикати најавија дека се решени да организираат демонстрации од соседниот кварт Бешикташ до плоштадот.

Премиерот Ахмет Давутоглу рече дека на денешниот ден ќе бидат дозволени само „симболични“ настани, и најави дека полицијата ќе интервенира по потреба, информира „Хуриет дејли њуз“.

Неколку илјади полицајци денеска се мобилизирани за да го спречат пристапот на пешаците до Таксим, а метро станиците и автобуските постојки во реонот на плоштадот се затворени.

Плоштад Таксим е симбол за работниците во Турција. Во 1977 година во судирите таму на 1 мај беа убиени 36 лица.

Протести денеска се организирани и во други големи градови во Турција. Десетици илјади луѓе се собраа на манифестацијата во главниот град Анкара, но таму расположението е попразнично.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ