Судир меѓу турската полиција и демонстранти во градот Кајсери

Од:

Турската полиција денеска се судри со демонстранти, кои пристигнале во градот Кајсери поради судскиот процес кој се води за убиството на Али Исмаил Коркмаз за време на антивладините протести минатата година.

Демонстрантите допатувале во Кајсери од соседните градови. Тие организираа митинг на булеварот каде што се наоѓа судот.

Дел од демонстрантите не и дозволиле на полицијата да ги претресе, по што избиле судири.

Студентот Коркмаз беше претепан од четворица полицајци во цивилна облека и четворица трговци, вооружени со безбол палки, за време на протестите во градот Ескишехир на 2 јуни 2013 година. Момчето, кое се здоби со повреди на мозокот, почина на 10 јули по 38 дена поминати во кома.

Осуммината обвинети биле снимени од безбедносните камери во моментот на инцидентот. Нив им се суди за „убиство со предумисла“ и им се заканува пресуда од 10 години до доживотен затвор.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ