Студент ставил „мито“ од 10 денари во индекс – добил десетка

Од:

Проф.д-р Душан Милисављевиќ, познат доктор по ОРЛ и професор на Медицинскиот факултет во Ниш, за време на испитот во периодот јануари-февруари пронашол банкноти во индексите на двајца студенти.

Студентите во индексот оставиле „мито“, но пред да помислите на најлошото, станува збор за 10 динари и 10 денари, кои студентите често симболично ги оставаат за среќа, бидејќи веруваат дека така ќе „соберат“ десетка.

Имено, станува збор за двајца студенти и за банкноти од 10 српски динари, но во случајов во едниот индекс студентот оставил и банкнота од 10 македонски денари. Нема информации дали студентот има македонско потекло.

Проф.д-р Душан Милисављевиќ за Телеграф изјави дека не е суеверен, но дека тоа му се допаѓа.

„Испитен рок јануари-февруари. Впечаток ми оставија два индекси и банкноти од 10 динари и 10 денари во индексот. Велат за среќа е, за да добијат десетки. Им посакувам среќа на сите, но треба сериозно учење, а не суеверие“, вели тој.

Сепак суеверието му се исплатило во овој случај на студентот. Бидејќи едниот од нив навистина добил оценка 10.

„Едниот ученик доби 10 затоа што навистина знаеше на испит и ја заслужи таа оценка, а другиот осум. Не треба да се биде суеверен туку да се учи“, вели професорот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Милош Павловиќ е нападнат во паркот Пионер

(ВИДЕО) Белград ги пречекува демонстрантите од другите градови

Уапсен студент поради закана дека ќе пука на факултет, наставата е откажана

Измамник прелажал двајца мажи, одзел пари и автомобил

Горан Наумовски

Владата на САД ја дели еден ден да остане без пари

Возач на Итна помош за пари лажел дека посредува при трансплантација на бубрег