Стравот од радикалниот ислам

Од:

Тудејс заман – Истанбул

Неодамна на три разлини места во Истанбул беа извршени бомбашки напади. Бомбите беа рачно изработени и за нив беа користени гасни запалки, бензин и други материјали, кои се секому достапни.

Како што може да претпоставите, експлозите предизвикаа голема паника. Стравувајќи дека можат да бидат нападнати големи трговски центри, луѓето ги сменија своите социјални животи. Големите молови – кои претставуваат показател на економската политика на владејачката Партија на праведата и развојот (АКП) – брзо се испразнија.

Се претпоставува дека нападите се дело на Курдската работничка партија (ПКК), но сите стравуваат и од радикалните исламистички организации, како Ал Каеда и Исламска држава (ИД). Веројатно различен вид на исламофобија, која би можела да биде дефинирана како радикална исламофобија, брзо се проширува низ муслиманскиот свет.

Официјалната осуда на нападите врз „Шарли Ебдо“ беше замрачена од богохулството на сатиричното списание. Прашањето за тоа што доаѓа на прво место има логика, која е одразена во дадените изјави. Кога „Џумхуриет“ реши да ја препечати насловната страница на „Шарли Ебдо“, тоа беше причина за започнување на дебата за навредите врз Пророкот.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган е политичар популист, кој раскошно користи ликови од исламот за да испраќа одредени пораки до масите. Всушност тој побрза да ги спротивстави едното против другото – „почитување на религиозните вредности“ и нападите врз „Шарли ебдо“. Додека во неговата палата ги забавуваше младите бизнисмени, тој рече: „Стотици илјади луѓе беа убиени во Сирија. Оние кои не мрднуваат ниту со прст за тие жртви, сега жалат за смртта на 12 души. Тоа не ми звучи многу убедливо“.

Оваа поука е сосема содветна на популизмот на Ердоган. Околу 300 илјади луѓе се убиени во граѓанската војна во Сирија. Меѓународната заедница не презема мерки за да ги сопре убиствата, а повиците за хуманитарна помош останаа без одговор.

Насекаде низ светот муслиманите страдаат од притисоци, протерувања и напади. Противтежа на 300-те илјади загинати во Сирија и на жртвите на нападите на Ал Каеда во Париз, и обвинувањата за лицемерието на западот е порака која ќе прозвучи добро во ушите на муслиманите. Но, претерано разводентата варјанта на исламистичкиот популизам на Ердоган е длабоко закопан со евтина демагогија и воопшто не е убедлив.

А онаа честичка која не е убедлива е доста очигледна. Одговорните за смртта на еден голем дел од 300-те илјади луѓе убиени во Сирија се истите како и оние кои ги убија и 12-те души во Париз. Во Сирија муслимани убиваат муслимани. Оние кои го креваат оружјето за да им ги пресечат грлата на своите жртви, крештат: „Алах е велик“, додека жртвите ги шепотат своите последни зборови: „Нема дуг Бог освен Алах и Мухамед е неговиот пророк“.

Меѓу оние кои убија голем број муслимани првенствено се и такви кои применуваат религиозен начин на размислување како и браќата Куаши од нападите вврз „Шарли ебдо“. Дури и џихадистички организации објавуваат војна едни на други, и убиваат членови на сопреничките групации.

Онака како што муслиманскиот свет извршува самоубиство во целиот тој хаос, а останатиот дел од светот исто така е вовлечен, тоа не е ништо друго освен евтин популизам прашањето да се претстави како крвна одмазда и да се прават споредби со бројот на жртвите на двете страни. Тој популизам не предлага ништо во однос на реалната закана за муслиманските држави.

Додека ги избира своите зборови, Европа го занемарува важниот факт дека муслиманските земји се исправени пред истата закана како и Европа од радикалниот тероризам. И уште повеќе, и муслиманските држави треба да ги искористат истите методи кои Европа ќе ја внесе во акција, за да се справат со таа закана.

Нема друго решение освен взамено разбирање и мирно сожителтсво на различностите. Меѓу муслиманските држави, најголема е заканата по Турција. Потребни се повеќе демократии, повеќе слободи и слобода на изразувањето, гарантирани од законите, кои ќе доведат до поголемо взамено почитување и разбирање. Турција е најсоодветниот кандидат да произведе и рашири мирни интеграции на исламот заради радикалната исламофобија.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ