За Србите Европската Унија станува се помалку привлечна, а тоа е и причина за победата на Томислав Николиќ на претеседателските избори, се наведува во денешната анализа на американската Организација за геополитички истражувања „Стратфор“.
Во анализата се наведува дека „Србија не сака поблиску да се интегрира со Европа и со западните соседи, посебно не под покривот на Европската Унија“.
„Посебно откако Хрватска се приближи до Брисел, а центрите на европската моќ бараат решение од Србија за косовското прашање, за Србите Европската Унија е се помалку привлечна идеја“.
Затоа и победи Томислав Николиќ, зашто тој е начисто со европските интеграции. Од друга страна ниту ЕУ не брза своите економскиот и политичкиот профит од членството да и го препушти на Србија“.
Американската организација за геополитички анализи потсетува дека кога се работи за безбедноста, Србија и натаму е најјака воена сила на Балканот, но дека од 2009 година е обиколена со две нови членки на НАТО-Албанија и Хрватска.
„Во блиска иднина не е веројатна никаква воена акција која би можела да ја покрене Србија, но регионот, посебно Косово, е подрачје на потенцијална опасност и нестабилност за мали судири. Степенот до кој би ескалирале не зависат толку од Србија колку што зависат од интересите на надворешните сили кои имаат интереси на Балканот“, пишува Стратфор.