Стопирањето на проектот Јужен поток и кризата на рубљата се двата важни елементи кои го намалуваат влијанието на Русија врз Бугарија и врз Србија, се наведува во заклучокот на анализата на Стратфор.
– Намалувањето на цената на нафтата и економските санкции доведоа до пад на вредноста на рубљата за 40 проценти од почетокот на 2014 година и двете балкански држави со традиционално силни врски со Русија ќе имаат потешкотии за изнаоѓање на финансии и трговски кредити, прогнозира Стратфор.
Стопирањето на проектот Јужен поток оневозможи и отворање на работни места во Бугарија и во Србија.
Двете држави се во голема мера енергетски зависни од рускиот гас.