Страшно злосторство кај Тузла: „Ја уби мајка ми на прагот“

Од:

Околу полноќ во населбата Кројчица кај Тузла, сопругот ја убил сопругата удирајќи ја со секира во главата.

Оваа информација ја потврди портпаролката на полициската управа на МВР, Аднана Спречиќ, пренесува Српскаинфо.

– Рано утрово околу 00:14 часот во Полициската станица Запад при ПУ Тузла влегла М.С. и пријавила дека татко и ја убил мајка и на прагот. Недолго потоа, самиот насилник се пријавил во полициските простории. Со алкотестирање било утврдено дека К.С. е под дејство на алкохол. На местото на инцидентот, од страна на дежурниот лекар од Итна медицинска помош при Здравствен дом Тузла околу 00:30 часот е констатирана смрт на женско лице родено 1961 година. Исто така, кај лицата осомничени за ова кривично дело биле констатирани полесни повреди во СВР Тузла – известија од полициската управа.

Човек кој е осомничен за ова тешко кривично дело по кривичната истрага ќе биде предаден на обвинителството на кантонот Тузла.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицајци во Тузла скокнаа во надојдена река по криминалец, двајца се исчезнати

НАТО за ситуацијата во Босна и Херцеговина: Ова не е 1992 година

Шмит: Сите да се воздржат од интервенции, закани, притисоци и да ја почитуваат независноста на судството во БиХ

А1он

По петдневна потрага полицијата го уапси убиецот Емир Селимовиќ

Горан Наумовски

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Босанците ги следат соседите – повикуваат на штрајк во продавниците, кафулињата и рестораните

А1он