40-годишен маж од Бечмен, Србија е уапсен поради сомнение дека вербално и физички ја нападнал сопругата.
Се сомничи дека тој вчераутро во куќата во Бечмен по расправија со сопругата (38) во присуство на малолетни деца почнал да ја навредува, а потоа и да и се заканува.
По заканите физички ја нападнал сопругата туркајќи ја и стискајќи ја со раце.
Во алкохолизирана состојба отишол кај поранешната сопруга (32) во Бољевци, каде почнал да ја малтретира.
Ја удрил по глава и и се заканил дека ќе ја убие, пренесуваат српските медиуми.
Осомничениот ја нападнал и мајката на поранешната сопруга, која се обидела да ја заштити нејзината ќерка.
Тој ја удрил со стол по телото, а потоа продолжил да крши се околу куќата, при што излетало стакло и му го исекло лицето на неговото едногодишно бебе.