Стотици читатели ја минаа ноќта пред редакцијата на „Заман“ поради најавено апсење на новинари

Од:

Стотици читатели минатата ноќ ја минаа пред редакцијата на турскиот весник „Заман“, изразувајќи го на тој начин протестот поради можната полициска акција за апсење на новинари на овој весник.

Најавата за апсење на новинарите на „Заман“ беше објавена на еден профил на Твитер, каде и претходно беа најавувани слични полициски акции кои потоа се покажуваа како вистинити.

Насобраните читетели го изразија своето незадоволство од, според нив, „се по авторитарното однесување на Владата во задушувањето на критички настроените медиуми“.

Тие извикуваа пароли за поддршка на новинарите на „Заман“ и најавија дека нема да отстапат од своите намери за нивна заштита.

Главниот уредник на „Заман“, Екрем Думанли пред насобраните вети дека нема да попушти пред притисокот и дека што и да се случи весникот нема да молчи.

Највата за апсењето на новинарите на Заман беше објавена на профилот на Твитер @Fuatavnifuat. Се претпоставува дека зад името „Фуат Авни“ стои човек од круговите на власта.

Тој во своето последно предупредување најави дека денеска ќе бидат уапсени околу 400 критичари на турски претседател Реџеп Тајип Ердоган, меѓу кои и 150 новинари, вклучително и главните уредници на „Заман“ и „Тудејс Заман“.

Власите ги обвинуваат „Заман“ и „Тудејс Заман“ дека се поврзани со движењето на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, за кој Ердоган тврди дека го иницирал минатогодишниот корупциски скандал со цел да ја урне неговата тогашна Влада.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ