Столтенберг: ЗСО е клучот за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска изјави дека формирањето на Заедницата на српските општини е клучот за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина.

На заедничката конференција со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, тој ги повика Белград и Приштина да го продолжат дијалогот бидејќи, посочи, тоа е единствениот пат до мирот.

„Разговаравме и за тензиите на северот на Косово и важноста на мировната мисија КФОР, која гарантира безбедност веќе две децении, ќе продолжиме да го правиме тоа непристрасно и во рамките на мандатот. Припадниците на КФОР претрпеа напади, видовме немири во септември, сторителите мора да бидат изведени пред лицето на правдата, рече Столтенберг.

Тој рече дека после тоа КФОР распоредил 2.000 војници на Косово што е најголемото засилување на КФОР во изминатата деценија и нагласи дека ја поддржува координацијата на армијата и КФОР.

Би можело да ве интересира

Не гледаме воена закана која би дошла од Русија против кој било сојузник на НАТО или регионот, вели Столтенберг

Предраг Петровиќ

Столтенберг: Насилството во Косово е неприфатливо

Столтенберг: НАТО и ЕУ работеа на постојана стабилност на Балканот

Зеленски и Столтенберг разговараа за деблокирање на коридорот за жито во Црното Море

А1он

Столтенберг: Украина, како и секоја земја има право да го одбере својот пат, Москва протестираше и за Финска и за Северна Македонија

Столтенберг: Во Вилнус донесовме важни одлуки во критичен момент за нашата безбедност