Столтенберг: Забележителен напредок на Црна Гора во голем број области

Од:

Забележителен е напредокот на Црна Гора во голем број области, изјави денеска Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, додавајќи дека има раст на поддршката на граѓаните, но и сојузниците за земјата да добие во декември покана за членство во НАТО.

– Ова е многу важно, бидејќи не е во прашање само посета на Генералниот секретар, туку и Советот на Алијансата составена од 28 претставници, на сите држави членки. Ова е голема делегација составена од 28 сојузници. Тие се тука од прва рака да се уверат во напредокот што Црна Гора го постигна и постигнува, да разговараат со претставници на Владата и Парламентот. Сакаат на овој начин подобро да разберат како Црна Гора работи на реформите неопходни за членство во Алијансата, изјави Столтенберг, пренесува РТЦГ.

Според Столтенберг Црна Гора остварила забележителен напредок во реформите на војската, разузнавачката служба, владеење на правото, независно судство, особено Специјално обвинителство за борба против корупцијата.

Би можело да ве интересира

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

НАТО се обидува да го зголеми производството на оружје на своите членки

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Руте ги повикува членките на НАТО да ги зголемат трошоците за одбрана

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски