Стевановиќ: Малата Данка не е пронајдена во Србија, што предизвикува сомнеж дека ја преминала границата

Од:

Директорката на Институтот за криминолошки и социолошки истражувања Ивана Стевановиќ во врска со исчезнувањето на двегодишната Данка Илиќ во Бањско Поле кај Бор изјави дека тоа што девојчето шест дена не било пронајдено на територијата на Србија по нејзиното исчезнување предизвикува сомнеж дека ја преминала границата.

Стевановиќ во врска со пријавата на српски државјанин кој живее во Виена дека видел девојче, кое наводно изгледа како Данка, придружувана од две жени на автобуската станица во центарот на градот, вели дека сега се вклучени и други полициски сили во Европа во случајот и дека на сите гранични премини и аеродроми има жолта потерница од Интерпол за помош во пронаоѓањето на девојчето.

Таа додава дека најмногу би сакала девојчето да се најде во некоја од земјите што граничат со Србија или друга европска земја, но дека сите сценарија се отворени и дека истрагата ќе го даде вистинскиот одговор.

Би можело да ве интересира

Таткото на осомничениот за убиството на Данка вели: Мојот син е наместен

Осомничениот за убиството на Данка тврди: „Не ја убив, не ја ни видов“

Горан Наумовски

Еден од осомничените за убиството на Данка го прекинува молкот

Осомничените за убиството на Данка Илиќ по психијатриско вештачење се вратија во притвор

Почина мајката на осомничениот за убиството на малата Данка

Двајца нови сведоци ќе сведочат за исчезнувањето на малата Данка