Стејт департмент: Бугарија има стратешка положба на балканскиот пат за илегална трговија со наркотици

Од:

Бугарија има стратешка положба на балканскиот пат за илегална трговија со наркотици и други шверцувани стоки од Југозападна Азија кон Западна Европа. Меѓународните организации за шверц со наркотици продолжуваат да пренесуваат кокаинм хероин, синтетичка дрога и се повеќе хемиски забранети супстанци преку Бугарија до Западна Европа, се наведува во извештајот на американскиот Стејт департмент за стратегијата во меѓународната контрола на наркотици.

Според документот во 2014 година организациите за илегална трговија со наркотици од Африка и од Блискиот Исток продолжија да работат со бугарските мрежи за организиран криминал за пренесување на кокаин и хероин од Јужна Америка во Европа.

Стејт департментот посочува и дека продолжило производството на незаконски наркотици во Бугарија, пред се одгледување на марихуана за локални потреби и производство на синтетичка дрога – анфетамини, кои се произведуваат во мали лаборатории како за лична употреба, така и за локална продажба.

Во 2014 година во Бугарија спроведени се неколку заеднички операции на различни институции при што биле конфискувани неколку стотина килограми наркотици, вклучително и седумпати повеќе хероин во споредба со 2013 година. Бугарските власти конфискували и големо количество на нови психотропни супстанци.

Стејт департментот наведува и дека Бугарија нема значителни истражувања на наркоманијата од 2009 година, кога биле регистрирани приближно 30.000 активни наркомани. Најчесто употребувана дрога во Бугарија е марихуаната, а потоа следат синтетичките дроги и хероинот.

Во документот се посочува и дека бугарските власти продолжуваат да соработуваат со американските колеги во борбата со наркотиците.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ

Медиуми: 1,6 милиони евра поврзани со нападот во Либан поминале низ Бугарија

Горан Наумовски

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална

На бугарскиот амбасадор Желјаско Радов му била укажано за отстапувањето од договорениот протокол

Предраг Петровиќ