Стефановиќ: Српската напредна партија не сака натамошна соработката со социјалистите во новата Влада

Од:

Заменик претседателот на Српската напредна партија (СНС) Небојша Стефановиќ денеска изјави дека сите во партијата го поддржуваат лидерот Александар Вучиќ, но и покрај тоа нема да му биде лесно да ги убеди своите партиски другари во неопходноста од повторна соработка со социјалистите, пренесе Танјуг.

Стефановиќ ова го кажа како одговор на прашањето на агенцијата дали на претстојниот конгрес на СНС ќе се разговара за повторна соработка со социјалистите на Ивица Дачиќ.

Конгресот на СНС е закажан за 28 мај.

Досега коалициската Влада на Србија  ја сочинуваа Српската напредна партија, Социјалистичката партија на Србија, Социјалдемократската партија на Србија, партијата „Движење на социјалистите“, партијата „Нова Србија“ и незавни пратеници.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ