Ставена во функција ХЕЦ „Аште“

Од:

Три години од почетокот на изградбата, ХЕЦ „Аште“ почна со редовно производство на електрична енергија под полн капацитет, јави дописникот на МИА од Тирана.

По неколкумесечно пробно производство, албанското Министерство за економија, трговија и енергетика и официјално го потврди ставањето во целосна функција на хидроелектирчната централа, која ќе произдведува од 240-270 милиони киловат часови електрична енергија годишно.

Како што јави тиранската телевизија Топ-чанел, ХЕЦ „Аште“ е прв хидроенергетски објект од поголеми размери по падот на комунистичкиот режим. Оваа хидроелектрана е без брани, што значи дека водата од реката Дрим ќе ја употребува од слободен тек и е со моќност од 48 мегават часови.

Последно изградена ХЕЦ е Коман во 1986 година. Таа заедно со ХЕЦ „Фиерза“, која е втора по големина на Балканот по онаа на Дунав, и ХЕЦ „Вау те Дејес“ ја сочинуваат каскадата на реката Дрим.

„Аште“ е заедничка инвестиција на австриските компании „Вербунд“ и „ЕВН“. Инвестицијата е вредна околу 200 милиони евра и од оваа ХЕЦ се предвидува со електрична енергија да се снабдуваат 100 илјади албански семејства.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски