Стано: Ситуацијата на Косово е прилично нестабилна

Од:

Портпаролот на Европската Комисија, Петер Стано, оцени дека ситуацијата на Косово е прилично нестабилна и им порача на приштинските власти да избегнуваат какви било активности и чекори кои се еднострани, некоординирани и можат да придонесат за зголемување на тензиите и дополнителна ескалација на ситуацијата.

Тој не сакаше да ја повтори реакцијата на ЕУ кога акцијата на северот на Косово, како што рече, „беше спроведена против некои институции предводени од тамошните Срби“, но нагласи дека суштината е дека има проблем.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Косовските цариници заплениле стока од Македонија вредна 30.000 евра

И Али Ахмети е во Косово

Катерина Ѓуровски

Курти остро кон Србија: Тоа е паравоена држава, во историјата имаа две и пол години демократија

Обвинителство во Приштина: 10 уапсени во врска со нападот кај Зубин Поток

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија