Српските партии потрошиле над 17 милиони евра на последните избори

Од:

Српската невладина организација Транспарентност денеска соопшти дека на овогодишните парламентарни избори во Србија, политичките партии потрошиле над две милијарди динари (17,4 милиони евра).

Податоците ги објави програмскиот директор на организацијата Немања Ненадиќ, претставувајќи го извештајот за мониторинг на финансирањето на предизборната кампања.

Според извештајот, најголеми трошоци од 942 милиони динари (8,2 милиони евра) имала владејачката Српска напредна партија (СНС), а сите останати парламентарни партии потрошиле вкупно 640 милиони динари (5,6 милиони евра). Три партии потрошиле 442 милиони денари (3,2 милиони евра) а не освоиле ниту еден пратеник во Парламентот.

Од вкупните трошоци за предизборната кампања, 754 милиони динари (6,6 милиони евра) се финансирани од буџетот на државата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници