Српскиот премиер во дводневна посета на Македонија

Од:

Претседателот на Владата на Србија, Ивица Дачиќ од денеска ќе престојува во дводневна посета на Република Македонија. Во составот на српската делегација ќе биде и министерот за правда и државна управа Никола Селаковиќ.

Тие вечерва во Македонската опера и балет ќе присуствуваат и ќе се обратат на светосавската академија по повод одбележувањето на Денот на Свети Сава.

Утре премиерот на Србија ќе биде пречекан од неговиот македонски колега Никола Груевски, по што е планирана и средба со претседателот на македонското Собрание, Трајко Вељаноски. Според агендата, предвидено е и положување на цвеќе пред спомен-обележјето на паднатите борци.

Во рамки на посетата најавена е и средба на српскиот министерот за правда и државна управа со министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски.

Би можело да ве интересира

Песков: Русија сака Србија да ги реши сите проблеми што е можно поскоро и да се врати на мирен развој

Македонија и екс-Ју државите в петок бојкотираат маркети

Катерина Ѓуровски

Брнабиќ: На дневен ред на собраниската седница ќе ставиме расправа за довербата кон мене и кон Владата

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема блокада на белградска Автокоманда, протести во многу градови во Србија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: 24-часовна блокада на Автокоманда во Белград

Гренел за протестите во Србија: Новата американска влада не ги поддржува оние кои насилно ја преземаат власта

А1он