Српскиот премиер ја завршува посетата на САД

Од:

Српскиот премиер Александар Вучиќ ја завршува денеска посетата на САД за време на која во низа средби разговараше со американски официјални лица и претставници на бизнис групи, за билатералните односи, економска соработка и поддршка на Вашингтон за европскиот пат на Србија.

Вучиќ вчера во Белата куќа имаше средба со советничката на претседателот на САД за национална безбедност Сузан Рајс, а по состанокот порача дека Србија може да смета на поддршка од САД.

Нагласи дека САД ги почитуваат економските реформи на Србија, јави Танјуг.

Тој на Капитол Хил имаше средба и со претседавачот со Сенатскиот одбор за оружените сили, сенаторот Џон мекејн.

– Мекејн изрази поддршка за Владата на Вучиќ и даде целосна поддршка на Србија на патот на евроатланстските интеграции, наведува Танјуг.

Би можело да ве интересира

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда