Српскиот патријрах сака припојување на Република Српска кон Србија

Од:

Поглаварот на Српската правиославна црква, патријархот Иринеј денеска оцени дека постојат многу причини за припојување на Репблика Српска кон Србија.

– Тоа не ни било никакви чудо. Тоа е процес кој е веќе започнат. Ако може Косово да се одвои од Србија, зошто и Република Српска да не се одвои од Федерацијата БиХ и да се припои кон Србија, оцени српскиот патријарх во инетервју за магазинот „Недељник“.

Иринеј оцени и дека премиерот на Србија Александар Вучиќ „мора да ја подигне падната српска нација“ и да направи се за да „се стави крај на слабеењето и пропаѓањето“ на српскиот народ.

Патријархот во интевјуто се осврнува и на актуелните случувања во светот оценувајќи дека анексијата на Крим кон Русија немаше никогаш да се случи, доколку „не беше Косово“.

– Насилното одземање на Косово и неговото одвојување од Србија, даде можност тоа да го прават и други. Тоа е грешка на Америка и на Европа што ќе биде скапо платена, смета српскиот патријарх.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ