Српскиот Парламент во петок ќе расправа за договорот меѓу Белград и Приштина

Од:

Седницата на српскиот Парламент, на која ќе се разгледа постигнатиот во Брисел договор меѓу Белград и Приштина, ќе се одржи на 26 април, соопшти претседателот на Парламентот Небојша Стефановиќ, јави Танјуг.

По консултации со претседателите на парламентарните групи Стефановиќ изјави дека очекува утре српската Влада да го претстави во Парламентот извештајот за преговорите во Брисел, што ќе го содржи и постигнатиот договор.

Владата на Србија денеска го одобри договорот за нормализирање на односите со Косово, што премиерите на Србија и Косово го парафираа во Брисел во петокот, на 19 април.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ