Српскиот Парламент денеска ќе расправа за предлог-резолуцијата за Косово

Од:

Српските пратеници денеска ќе расправаат за владината предлог-резолуција за Косово, која е основа за политичките разговори меѓу Белград и Приштина.

Одборот за Косово при српскиот Парламент вчера одлучи на Собранието да му предложи на седницата на ја усвои предлог-резолуцијата.

Предлог-резолуцијата и платформата се усвоени пред три дена на заедничката седница на Владата и шефот на државата, а претседателот Томислав Николиќ и премиерот Ивица Дачиќ на заедничката прес-конференција истакнаа дека со тоа е манифестирано државното единство по ова важно национално и државно прашање.

Предлог-резолуцијата се состои од шест точки, а меѓу другото во неа се наведува дека Србија пристапува кон дијалогот со претставниците на институциите во Приштина свесна за неговото значење, бидејќи со постигнување меѓусебно прифатливо решение за Косово ќе се забрза евроинтеграцијата на целиот регион на Западен Балкан.

Би можело да ве интересира

Песков: Русија сака Србија да ги реши сите проблеми што е можно поскоро и да се врати на мирен развој

Македонија и екс-Ју државите в петок бојкотираат маркети

Катерина Ѓуровски

Брнабиќ: На дневен ред на собраниската седница ќе ставиме расправа за довербата кон мене и кон Владата

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема блокада на белградска Автокоманда, протести во многу градови во Србија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: 24-часовна блокада на Автокоманда во Белград

Гренел за протестите во Србија: Новата американска влада не ги поддржува оние кои насилно ја преземаат власта

А1он