Ѓилас ги оцени изборите во Србија за неуспешни поради помалку од 50 отсто излезност

Од:

Претседавачот со опозициската коалиција Сојуз за Србија (СзС), Драган Ѓилас, која ги бојкотираше изборите, изјави дека „овие лажни избори на Александар Вучиќ не успеаја“ затоа што излегле помалку од 50 отсто од гласачите.

Ѓилас на прес конференција кажа дека според нивните податоци на изборите излегле 42 проценти од гласачите, а само 36 проценти во Белград.

Како што оцени тој, излезноста на денешните избори не би можела да биде поголема од 42 проценти, и дека сите странски медиуми оцениле дека доколку излезат помалку од половина од избирачите, власта нема да има легитимитет.

-Она што се случи од 17 часот до 20 часот, да луѓето гласаат со пет проценти на час, а гласачките места се празни, сите знаат дека не е реално. Овие податоци се идентични со оној факт дека на секои 10 секунди загинува мијач на прозорци во САД, рече Ѓилас.

-Идната нова влада нема да има легитимитет, кажа Ѓилас кој оцени дека сега постојат две можности – режимот да продолжи да работи како порано и да ја доведе земјата во натамошни тензии, или да со посредство на Европа, да дојдеме до ситуација да имаме фер и чесни избори.

Од СзС излегоа и со соопштение во кое се наведува дека заради многу нискиот одзив на изборите во поголемите градови во Србија, владејачката Српската напредна партија (СНС) започнала невидени притисоци врз граѓаните, кои ги надминуваат сите претходни, а придружени со закани, уцени, па дури и физичка принуда.

СзС во соопштението наведува, дека покрај телефонското вознемирување, партиски активисти оделе до вратите на домовите на граѓаните, нуделе обезбеден превоз, кој чекал пред станот или куќата и ги уценувале граѓаните што ги имале на списоците.

-Како што одминуваше времето, бруталноста се зголемуваше, а овие методи беа применети кон сите категории на население, особено за вработените во јавниот сектор и граѓаните, кои морале да ги стават на список на „безбедни гласови“, а на некои од нив денес беа делени „пакети“ или се давани пари, тврдат од СзС.

Во соопштението се посочува дека на посебен притисок биле изложени социјално загрозените семејства и дека цели населби со ромско малцинство биле окупирани од џипови и комбиња, во кои биле присутни партиски активисти со списоци.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Плафон падна врз гости во дискотека во Србија, има повредени