Српскиот министер за одбрана ќе штрајкува со глад поради протестите на опозицијата

Од:

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин утре ќе почне штрајк со глад во српскиот Парламент поради „насилствата на опозицијата над граѓаните на Србија“.

На Вулин ќе му се придружат триесетина пратеници од владејачкото мнозинство во Парламентот, како и дел од одборниците од власта во Собранието на Град Белград, објави весникот „Вечерње новости“.

Весникот посочува дека на тој начин тие сакаат да укажат на „насилството кое го спроведуваат Бошко Обрадовиќ, Драган Ѓилас и Вук Јеремиќ“, лидери на Сојузот за Србија.

Се очекува во текот на денот Вулин својата одлука да ја соопшти на претседателот Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ и на своите соработници во Министертсвото.

Групата која од утре почнува со штрајк со глад на тоа гледаат како на „единствен разумен и цивилизиран начан за да се спротистават на хулиганството и насилството кое лидерите на СзС го спроведуваат во Белград“.

Заменикот градоначалник на Белград Горан Весиќ, кој најави дека ќе му се придружи на Вулин во штрајкот, во изјава за Танјуг рече дека со недели, агресивното малцинство составено од педесетина луѓе во организација на Бошко Обрадовиќ, Драган Ѓилас и Вук Јеремиќ ги тероризира граѓаните на Белград, го уништува градскиот имот и спречува да се изведуваат работи во градот.

– Тие тоа го прават бидејќи сакаат хаос и крв по улиците, оцени Весиќ.

– Не гледам друг начин за цивилизирано и разумно да се спротиставиме на хулиганството на дел од опозицијата, кои го уништуваат имотот на граѓаните и ги бркаат инвеститорите од нашиот град, освен да започнеме штрајк со глад, истакна Весиќ.

Тој вели дека сакаат да го свртат вниманието на домашната и меѓународната јавност на, како што вели, теророт кој го спроведуваат фашистите на Обрадовиќ во Србија.

Би можело да ве интересира

Вулин по изјата на Османи за Сребреница: Подобро ќе беше да се воздржевте

Предраг Петровиќ

Двајца српски пратеници кои со денови штрајкуваа со глад завршија во болница

Горан Наумовски

Вулин за протестите во Белград: Лидерите на партиите на НАТО се корисни идиоти на странските служби кои би сакале да владеат со Србија

Кандидат на листата „Србија не смее да запре“ за пратеник во српското Собрание штрајкува со глад

Еден од убиените во Косово е телохранител на Вулин, тврди Приштина

А1он

Вулин продолжува избезумено да ја напаѓа Европската унија: Вие сте лицемери и лажговци

А1он