Српскиот актер Бора Тодоровиќ е во кома

Од:

Осумдесет и четиригодишниот српски актер Боро Тодоровиќ се наоѓа во критична состојба и е сместен во Клиничкиот центар во Србија. Како што пренесе „Блиц“ актерот неодамна бил опериран од слепо црево, но во тек на заздравувањето му се слошило и во моментов е во кома.

-Операцијата помина сосема во ред, но тој по неколку дена се жалеше на болки и одеднаш му се слоши. Лекарите го оперираа и констатираа дека имал мозочен удар-изјави за „Блиц“ извор од Клиничкиот центар на Србија.

Пред операцијата на слепо црвео, актерот присуствуваше на неколку јавни манифестации и ништо не укажуваше дека има здравствени проблеми.

Тодоровиќ последните години се повлече од филмската и театарската сцена, а во медиумите речиси и не се појавуваше.

-Што се однесува до актерството, престанав. Не можам повеќе, доста е. Не дека не можам физички или ментално, туку ми стана досадно. Долго сум во оваа работа и гледам дека убавиот живот поминува покрај мене-изјави Боро Тодоровиќ пред неполни две години.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда