Српски снајперист, член на ПКК, убиен, а друг уапсен во Турција

Од:

Српски снајперист, кој бил припадник на Курдската работничка партија (ПКК), е убиен, а негов сограѓанин е уапсен во југоисточниот дел на Турција, пишува турскиот весник „Ватан“.

Според весникот, едниот снајперист бил убиен за време на операцијата на турските безбедносни сили на 29 јануари во градот Џизре, во округот Шернак.

Во текот на антитерористичката операција, извршена на 30 јануари, бил уапсен и вториот српски снајперист, кој е однесен на сослушување во секторот за борба против тероризмот на турската полиција во градот Шернак.

„Ватан“ тврди дека според првични информации на разузнавањето, снајперистите биле најмени од ПКК заедно со уште најмалку петмина странски државјани, кои моментно се борат на страна на курдските бунтовници во југоисточниот дел на Турција.

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу изминатиов викенд истакна дека за време на операциите на турските сили било утврдено дека на страната на ПКК се борат повеќе странски снајперисти.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски