Резервниот офицер на Војската на Србија и вработен во Центарот за култура во Босилеград, Љ.Г. беше уапсен вчера под сомнение дека и дал доверливи информации на бугарската служба.
Имено, како што објавија српските медиуми, тој препратил податоци за бројот на војниците во Врање, состојбата во единиците, како и какво оружје и опрема користат.
Им ја доставил и кадровската шема на безбедносните органи.
Тој се осврнал и на политичката ситуација на југот на земјата, посочува Новости.
Според изворите на весникот, неговите сограѓани се прилично збунети бидејќи Љ.Г. го познаваат како добар сосед, татко на две ќерки, кој покрај основната работа во Центарот за култура, има и продавница во овој пограничен град.
Осомничениот се товари дека на членови на странска организација им открил тајни воени информации кои би можеле да предизвикаат штетни последици за безбедносните, одбранбените и воените интереси на Србија.