Српски „Информер“: Двајцата осомничени биле пијани, еден од нив ја задавил Данка

Од:

Еден од убијците на малата Данка Илиќ (2) наводно планирал да го ископа телото на девојчето од депонијата и да го пренесе на својот имот.

– Двајцата беа пијани. Тие се исплашиле бидејќи под дејство на алкохол возеле службено возило. Девојчето било живо кога го удриле. Еден од нив излегол од автомобилот и со голи раце ја задавил Данка Илиќ. Таа лежеше на патот и плачеше, а тој ја удави, ја стави во багажникот и потоа ја фрлија во депонија – пишува српски „Информер“.

Но, тоа не е се, бидејќи еден од нив кога видел дека полицијата е на нозе и дека цела Србија ја бара убиената Данка, имал намера да го пренесе телото.

– Еден од нив рече дека ќе го ископа телото на Данка и ќе го сокрие во неговото село, кое се наоѓа на 36 километри од Бор. Дека телото ќе го закопа до шталата, до ѓубривото. Тие правеа заговор да си ги покријат трагите. Како работници во комуналното претпријатие, тие не биле сомнителни. Тренирани кучиња ја пребарале локацијата, но девојчето го немало. Се претпоставува дека се уште е на депонијата, потрагата по неа се уште трае – пишува „Информер“.

Би можело да ве интересира

Осомничените за убиството на Данка Илиќ по психијатриско вештачење се вратија во притвор

Почина мајката на осомничениот за убиството на малата Данка

Двајца нови сведоци ќе сведочат за исчезнувањето на малата Данка

Oсомничените за смртта на Данка може да се спасат од „тешки“ казни

Горан Наумовски

Нови детали за малата Данка: Нејзината ДНК не е пронајдена на автомобилот со кој била удрена

Таткото на Данка: Нашето најмило малечко, денес требаше да ја дуваме свеќата за твојот втор роденден

Горан Наумовски