Српски државјанин планирал бомбашки напад?

Од:

Мирсад Омеровиќ од Тутин кој што е осомничен за регрутирање борци во ИСИС, ќе остане во притвор поради нови докази за терористички активности.

Тој кон крајот на минатата година беше уапсен во акција на австриската полиција, а со истрага во неговиот компјутер е пронајден план за изработка на далечински детонатор.
-Не претставувам никаква опасност. Никогаш не сум регрутирал борци за ИСИС или некоја друга исламска организација – тврди Омеровиќ, кој што е познат како проповедачот Ебу Тејм, пред судот во Грац, кој неодамна го продужи истражниот притвор.

Инаку тој е еден од водечките личности на салафистилката сцена во Австрија. Своето образование го стекнал во Саудиска Арабија, а како проповедник е познат на германското говорно подрачје.

Обвинителството во своите документи наведува имиња на 64 џихадисти кои имале контакт со Омеровиќ, од кои дури 52 се од Алтун Алем џамијата во Виена, во која тој долго време проповедал.

Моментално австриските власти водат истрага и против еден пријател на Омеровиќ, кој што е осомничен дека изработил план за терористички напад на Виена.
Е. Г.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ