Српската Влада нема да дозволи еднострано преземање на металуршкиот комплекс Трепча

Од:

Едностраното наложување решение за Металуршкиот комплекс Трепча, би ги поткопало досегашните резултати од дијалогот меѓу Белград и Приштина, би ја дестабилизирало ситуацијата во Косово и би ја загрозило егзистенцијата на работниците во комплексот, изјавија денеска претставници на српската Влада на прес-конференција во Белград, јави РТС.

Српската Влада настојува да го запре усвојувањето во косовскиот Парламент на измените на законот за државни претпријатија. Со измените на законот, кои се очекува да бидат усвоени утре, ќе биде возможно Металуршкиот комплекс Трепча во Косовска Митровица, како и останатите државни претпријатија, да станат сопственост на Косово, пишува весникот „Данас“.

Владата на Србија објави дека нема да прифати еднострано одземање на комбинатот Трепча од страна на Приштина, бидејќи во тоа претпријатие мнозински сопственик е Фондот за развој на Србија со над 55 проценти сопственост. Претпријатието должи околу 400 милиони евра.

Владата на Србија предупреди дека постапките на Приштина ќе го загрозат преговарачкиот процес меѓу Белград и Приштина.

Директорот на српската владина канцеларија за Косово, Марко Ѓуриќ, изјави дека од металуршкиот комбинат Трепча зависат 4.000 Срби од Косово и околу 20.000 членови на нивните семејства.

– Не го чепкајте тоа, што е наше, тоа е кражба и одземање, рече Ѓуриќ, по повод информациите дека косовските власти ќе преземат 100 проценти од сопственоста над комбинатот Трепча.

Претставници на српската влада ја повикаа меѓународната заедница да го искористи своето влијание и да реагира, за да се реши прашањето на најдобар и најправилен начин, а не со еднострани акти.

– Ако властите во Приштина не го повлечат решението за Трепча, српската Агенција за приватизацја ќе ја придвижи приватизацијата на Трепча, зашто Србија е должна да го заштити својот имот, изјави српскиот министер за економија Жељко Сертиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници