Српската полиција разби криминална група за шверц на луѓе во ЕУ

Од:

Српската криминалистичка полиција во рамките на меѓународна акција уапси десет членови на организирана криминална група, што илегално пренесувала лица од подрачјето на Косово, Сирија и африканско-азискиот регон на територијата на ЕУ, објави РТС.

Како што наведува РТС, припадници на криминалната полиција во меѓународна акција привеле десет членови на организирана криминална група.

Акцијата е спроведена на територијата на цела Србија. Постои основано сомнение дека групата од јули до октомври годинава илегално пренела голем број лица од Косово, Сирија и африканско-азискиот регион на подрачјето на Европската унија.

Групата за пренос на едно лице наплатувала од 2.100 евра до 3.500 евра.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ