Фотографијата на момче покрај кое лежи убиено куче, и која кружи на социјалните мрежи ја покрена српската јавност која бара казна за ваквото дело.
На фотографијата се наоѓа непознатото момче кое се сликало со кучето со признание дека го има убиено откако наводно кучето го нападнало.
На фотографијата реагираше и министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ кој напиша на Твитер дека случајот и го доделил на полициската управа на Нови Сад.