Сребреница по геноцидот: Сведоштва за иднината

Од:

Радио Слободна Европа – Прага

Институтот за историја во Сараево го претстави своето најново издание Сребреница по геноцидот, на авторките Лара Нетилфилд и Сара Вагнер. Се работи за две млади научнички Британки од Лондонскиот универзитет кои работеле научна студија за меѓународната интервенција по геноцидот во Сребреница, што ги довело во тој мал град во североисточна Босна. По студијата за која собрале многу материјали се одлучиле да издадат книга која добила признание од Здружението на меѓународни студии.

Книгата е посветена на Сабри и Минка Мустафиќ и сите сребренички повратници – вели Лара Нетелфилд млада научничка од Лондон која научната студија ја довела во Сребреница. Таму со коавторката Сара Вагнер поминала некое време со луѓе кои ги изгубиле своите семејства во геноцидот, но собрале сили да се вратат на своите огништа. Тие човечки приказни ги поттикнале да ја напишат книгата, вели Лара.

– Мојата колешка Сара Вагнер и јас всушност прво напишавме книга за меѓународната интервенција. Јас се занимавав со работата на Хашкиот трибунал, а Сара со идентификација на жртвите на сребреничкиот геноцид по пат на ДНК анализа, но утврдивме дека имаме многу обемен материјал кој го собравме во разговор со семејствата, а кој остана неискористен бидејќи фокусот беше на меѓународните интервенции. Потоа одлучивме да напишеме посебна книга за тоа. Акцентот е на одлучноста на преживеаните неправдата да се исправи, да не се заборави она што е направено на нив и нивните семејства и повеќе никогаш на никого тоа да не се повтори.

Книгата минатата година е издадена во едиција на Лондонскиот универзитет, а оваа година на босански јазик во издаваштвото на Институтот за историја на БиХ.

– Оваа книга е важна бидејќи внесува еден целосно нов пристап во истражувањето на геноцидот кој се случи во Сребреница. Ги анализира процесите кои се одвиваа откако се случи геноцидот и покажува на еден симболичен начин како со интервенција во просторот се менува состојбата создадена во 1995 година, со враќањето на бегалците и интервенции во смисла на санкционирање на тие кои го извршиле геноцидот, а на разни начини побегнале во Америка, Канада и лажеле за своето учество во војната кај имигрантските служби мислејќи дека никогаш нема да бидат откриени. Во таа смисла оваа книга е една новост за нашата историографија, за нашата наука, а од друга страна таа има едно огромно општествено значење, бидејќи покажува дека всушност нема повеќе простор за негирање на геноцидот и нема можност тие кои го направиле геноцидот да останат неказнети, вели директорот на Институтот за историја Хусни Камберовиќ.

За книгата, меѓу другите, зборуваше и проф. Мирко Пејановиќ од Факултетот за политички науки во Сараево.

– Исповедта на Хасан Нухановиќ, момче кое ја поминало голготата и го изгубил целото семејство и многу други исповеди, па и тие како живеат денес повратниците во Сребреница, како соработуваат со соседите и помагаат едни на други. Значи, тоа се примери кои ја охрабруваат можноста за обнова на животот и обнова на довербата.

Книгата Сребреница по геноцидот, беше во најтесен избор за Наградата Ротшилд, која на Здружението за проучување на националности (Association for Studies of Nationalities), е основано во 1990 година при London School of Economics and Political Studies, се доделуваат исклучителни научни дела кои се бават со национализам и етнички студии. Книгата доби признание од Здружението на меѓународни студии (International Studies Association) како исклучителна работа на подрачјето на проучување на етницитети, национализми и миграции за 2015 година.

Би можело да ве интересира

Резолуција за геноцид повторно „затропа“ на црногорската врата

Предраг Петровиќ

Адвокатката на Северина: Ја испрашувале за Сребреница, не го продолжила патувањето затоа што не се чувствувала безбедно

ЕУ: Нема место меѓу нас за оние кои го негираат геноцидот во Сребреница

Горан Наумовски

Битка за Сребреница: Милош Вучиќ ќе биде кандидат на просрпските партии за градоначалник

Предраг Петровиќ

Хрватска по одлуката на Црна Гора: Ја обезвреднувате Резолуцијата за геноцидот во Сребреница

Парламентот на Црна Гора усвои Резолуција за геноцид во Јасеновац, Дахау и Матхаузен

Предраг Петровиќ